Новости

Прилеп инфо

Кривична пријава за 31 – годишна прилепчанка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Л.Л.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Имено на 29.12.2018 година во Прилеп на улицата „Мирче Ацев“, од страна на полициски службеници, при преглед над пријавената и штанд на кој продавала разни предмети, биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Евротип
SNBROKER
To Top