Новости

Прилеп инфо

Кривична пријава за 36 – годишен прилепчанец поради кражба на дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Т.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“.

На 10.02.2019 околу 14.40 часот на регионалниот пат за село Слепче, пријавениот, кој управувал товарно возило ,,Фолксваген“, откако ја забележал полициската патрола, го запрел и напуштил возилото, во кое имало дрва без соодветна документација.

GOLD
To Top