Новости

Прилеп инфо

Кривична против 54 – годишен маж за злоупотреба на својата положба во својата фирма

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Т. (54) од село Врбоец, крушевско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Во текот на 2015 година пријавениот, како управител на “ЗО-ЕЛ Комерц” ДООЕЛ село Врбоец во книговодствената евиденција приложувал испратници за испорачана дрвна маса до крајни купувачи во кои внесувал невистинити податоци за количината, видот, датумот и времето на испорака. Притоа, на купувачите не им ги издавал ваквите испратници, односно приложените испратници во книговодство биле без потпис од купувач. 

Врз основа на овие испратници била изготвена годишната сметка за 2015 година во која не бил евидентиран реално стекнатиот приход од работењето и била прикажана загуба во работењето на правното лице, со цел да се избегнат законските обврски кон државата. 

GOLD
To Top