Новости

Прилеп инфо

Кривични за двајца прилепчани кои со палка нападнале сограѓани

Полициската станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднела кривична пријава против К.П. (23) и А.М. (24), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Тие се товарат дека на 08.04.2018 година на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп со палка нападнале две лица од Прилеп, при што им нанеле повреди на главата, грбот и рацете. Оштетените биле префрлени во Општата болница Прилеп.

Evrotip
Евротип
To Top