Новости

Прилеп инфо

Кривични за тројца прилепчани поради дрога

Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(39) и И.К.(47), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 11.03.2019 на ул.,,11 Октомври“ во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на Н.Ш.(31) од Прилеп, при што пронашле и одзеле метамфетамин и шише раствор со метадон, кои претходно ги набавил од пријавените.

GOLD
To Top