Новости

Прилеп инфо

Кривични пријави за две лица од Прилеп кај кои при претрес пронајдена е дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ч.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.03.2019 на улица „Кузман Јосифоски“ во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојува пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.А.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.08.2017 на улица „Лазо Филипоски“ во Прилеп полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што пронашле и одзеле хероин, кој го набавил од  пријавениот.

GOLD
To Top