Новости

Прилеп инфо

Мртов маж пронајден во река во Прилеп

Околу 16 часот било пријавено дека на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат 67-годишниот О.Н. од Прилеп.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

GOLD
To Top