Новости

Прилеп инфо

Над 20 милиони килограми пиперки ќе бидат откупени од земјоделците во Пелагонија

20 милиони килограми црвена капија пиперка по просечна цена од 20 денари ќе бидат откупени од кривогаштанскиот и прилепскиот дел на Пелагонија.

Над 80 отсто од откупената пиперка веднаш се извезува и тоа најмногу за Бугарија а има и за Србија и Босна и Херцеговина.

За домашниот пазар многу малку или воопшто ќе ја нема ова особено пред почетокот на подготовки за зимница.

Од откупните цени барем засега градинарите се задоволни. Особено кога се знае дека првата класа од црвената капија  се откупува за 26 а очекува да достигне до 28 денари.

Производството а и откупот  на пиперките со овие откупни цени станува исплатлив бизнис.

Земјоделците велат дека со 28 денари откупна цена,и 3 денари субвенции за произведен килограм пиперки е прифатлива цена.

Единствено од она што не се задоволни е доцнењето на исплатата на државните субвенции.

GOLD
To Top