Новости

Прилеп инфо

Наредено вештачење на пронајдената бомба во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе бар “Кафе Ин” каде вчера вечерта околу 23.30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба.

Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која е по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење. Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.

Во меѓувреме од МВР излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека околу 23:10 ч во Прилеп во угостителски објект е пронајдена школска бомба која нема експлозивно полнење. Веднаш се преземени соодветни мерки и таа е подигната од лице место. Нема повредени лица ниту материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top