Новости

Прилеп инфо

Најстарата населба во Прилеп “Варош” го слави Голем или Источен петок

Денес православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Со верски обреди, обичаи и вековна традиција празнувањето продолжува и во манастирот „Свети Архангел Михаил“ под Марковите кули во Прилеп, а жителите на најстарата населба во градот “Варош”, денес широко ги отвораат портите на своите куќи и чекаат гости.

Оваа вековна традиција и оваа година започнува со литуригија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници ќе дојдат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

GOLD
To Top