Новости

Прилеп инфо

Одбележан патрониот празник на средното училиште „Орде Чопела“

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, претставници од средното училиште „Орде Чопела“ и Здруженијата на борци од Прилеп и Битола со положување на свежо цвеќе на Могилата на непобедените го започнаа чествувањето по повод 77 годишнината од смртта на народниот херој Орде Чопела.

Ученици од средното училиште „Орде Чопела“ кое денес го слави својот патрон празник положија свежо цвеќе пред бистите во Алејата на народните херои. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното училиште „Орде Чопела“ свежо цвеќе беше положено и пред бистата на Орде Чопела која се наоѓа во училишниот двор и пред бистата во населбата Варош.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното „Орде Чопела“ во попладневните часови со почеток од 18.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи Свечена академија посветена на ликот и делото на народниот херој Орде Чопела.

 

GOLD
To Top