Новости

Прилеп инфо

Од денеска до 3 август во Прилеп Европското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Во организација на Воздухопловната федерација на Македонија и прилепскиот клуб „Фил Феникс”, од денеска до 3 август во Прилеп ќе се одржи ФАИ Ф1 Европското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство.

Церемонијата на отворање е закажана за во 18.30 часот на градскиот плоштад во Прилеп.

– Натпреварите започнуваат утре, а првиот натпреварувачки ден ќе биде пренесуван во живо со поддршка од МОК ТВ, со цел доближување на спортот до граѓаните. На Европското првенство ќе учествуваат јуниорски репрезентации од 19 држави, со околу 150 јуниори од Европа и светот, изјави Биљана Еверете, генерален секретар на Воздухопловната федерација на Република Северна Македонија.

Македонската јуниорска репрезентација е составена од пет најуспешни јуниори во две категории: Ф1А – модели на слободен лет – Анастасија Пожарска, Зоран Петрески и Симона Тошеск и Ф1Б – модели на моторен погон – Александар Цветановски и Петар Цветановски.

Организаторот “Фил Феникс” од Прилеп десет години по ред успешно ги организира настаните од областа на спортско моделарство, поради што на Северна Македонија и беше доделена организацијата на Европско јуниорско првенство.

GOLD
To Top