Новости

Прилеп инфо

Опожарено возило „Лада Нива“ во Прилеп

На 15.10.2017 година во Прилеп на ул.„Свети Наум Охридски“, непознат сторител со непозната запалива течност запалил паркирано патничко моторно возило „Лада Нива“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(58).

Од пламенот се опожарени четирите гуми од тркалата на возилото, хаубата, моторот и дел од внатрешноста на возилото.

Опожареното возило е изгаснато од страна на дежурната служба на Територијална противпожарна заштита -Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

GOLD
To Top