Новости

Прилеп инфо

Општина Прилеп на играчите на ФК Победа ќе им додели 1.720.000 денари

Денеска во просториите на ФК Победа се одржа прес конференција на чело со в.д директорка Ирена Јакимоска и градоначалникот Илија Јованоски.

Општина Прилеп на играчите на ФК Победа ќе им додели вкупен износ од 1.720.000 денари во наредните шест месеци.

– Сакам во оваа пригода да го истакнам моето задоволство што ќе доделиме парични средства на ФК Победа и тоа го кажавме минатата година, а со тоа ќе доделиме милион денари за играчите, а не за клубот. И по 120.000 денари во првите шест месеци од оваа година во вкупен износ од 1.720.000 денари ќе бидат доделени овие средства на ФК Победа со одлука на Советот на Општина Прилеп со надеж дека новата управа со нови сили да го издржат темпото и напорот да останат во првата лига што е многу битно за Прилеп и прилепчани бидејќи сите ја сакаат и навиваат за Победа. – истакна градоначалникот Јованоски.

Со поддршка на Општина Прилеп и градоначалникот да се надминат потешкотиите на клубот.

– На градоначалникот на Општина Прилеп му благодарам на удостувањето на ветените средства кои што беа однапред договорени пред самиот почеток кога јас одлучив да ја преземам оваа функција. Имено јас и тогаш кажав доколку немав поддршка од страна на градоначалникот и Општина Прилеп дефинитивно ниту еден клуб не би можел да издржи не само финансиски него поклучно е и поддршката што инфраструктурната, етичката и моралната сигурност во однос на опстојување на еден фудбалски клуб. Како што и самите гледате дека неможиме да играме дома предизвикува големо оптоварување за клубот како и финансиски, но неможеме да ја вратиме и еуфоријата на фудбалот и значењето на самата игра. Во последните две години ние постојано сме гости иако се покажуваме како домаќини. Се надевам дека со поддршка на градоначалникот и комисијата ќе ги надминеме сите недоразбирања во однос на самата проекција на стадиниот и дека истиот би можел да се реализира барем теренот за да може наредната полусезона во август да може тука да се игра. – истакна Јакимоска.

 

GOLD
To Top