Новости

Прилеп инфо

Општина Прилеп ќе ги субвенционира дел од сметките за вода на над 1.000 семејства од ранливата категорија

Прилепските советници денеска ја одржаа 29.Седница на општинскиот Совет, на која ја усвоија Програмата за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани за 2019 година.

Исто така, советниците ја усвоија Програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, донесоа Одлука за доделување на средства на здруженија на граѓани и спортски клубови, формираа Локален совет за превенција и го усвоија и Проектот за поддршка на Регионалната занаетчиска комора – Прилеп.

„Донесовме Одлука со која Општина Прилеп ќе субвенционира 5 метри кубни од сметките за вода, мерка со која наместо досегашните 300, ќе бидат опфатени над 1.000 семејства приматели на постојана парична помош. Исто така, со оглед на тоа што Занаетчиската комора од 2001 година па наваму се соочува со финансиски проблеми, Советот донесе Одлука за прифаќање на нивниот проект за регулирање на дел од обврските кои комората ги има кон Фондот за ПИОМ. Донесовме Одлука за уредување на градежното земјиште на подрачјето од населеното место Волково до населеното место Прилепец, а на денешната седница ја изгласавме и Одлуката за распределба на средства на здруженијата на граѓани и спортски клубови, по распишаниот Јавен повик. Советот на општина Прилеп го формираше и Локалниот совет за превенција, со кој ќе претседава градоначалникот на општина Прилеп“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на општина Прилеп.

На денешната седница, членовите на Советот на Општина Прилеп ја усвоија Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување критериуми и стандарди за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Прилеп,

дадоа согласност, за расход на основни средства на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“, а дадоа согласност на Годишните планови за вработување на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Пазари“.

GOLD
To Top