Новости

Прилеп инфо

Општинската комисија ќе врши проценки на штетите од невремето пред два дена

Општинската комисија за проценка на штетите од елементарните неподоги објави повик до земјоделците и сите граѓани, кои претрпеа штети од невремето проследено со силен ветер и град, што го зафати атарот на селата Големо Коњари и Мало Коњари, во понеделникот, да достават свои барања.

Како што информира претседателот на општинската комисија, Жарко Северкоски граѓаните може да ги доставуваат своите барања до Општина Прилеп или до претседателите на месните заедници на двете населени места од денеска па се до среда 18.јули.
По евиденцијата на барањата, претставници на комисијата ќе излезат на терен заедно со стручни лица – агрономи од подрачното министерство за земјоделство и ќе ја утврдат причинетата штета по парцели.

„Комисијата ќе излезе на терен по доставување на барањата од производителите, односно од лицата чии што насади претрпеле штети. Ќе се изврши проценка на лице место, ќе се утврди штетата. Евиденција со проценката на штетите ќе биде доставена до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по што Владата ќе врши исплата на отштетата согласно со законските регулативи“, вели Северкоски, претседател на општинската комисија.

Evrotip
Евротип
To Top