Новости

Прилеп инфо

Пензионерски Регионални ревии на песни, музика и игри во Прилеп

По 15 –ти пат во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска се одржаа пензионерските Регионални ревии на песни, музика и игри. На манифестацијата присуствуваа гости од Битола, Крушево, Демир Хисар и Ресен. Учесниците го претставија фолклорот и традицијата од нивните краеви, како и народните песни од цела Македонија. Средбите ги организира Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

„Денеска е прилика пензионерите од повеќе градови да се сретнат, да се дружат помеѓу себе со песна музика и игра, да разменат искуства и со тоа да пренесат тука дел од обичаите од нивните средини. Од Битола, Крушево, Демир Хисар и Ресен денеска имаме присутни околу 200 учесници, а целата голема сала во Домот за култура во Прилеп е преполна со посетители кои сакаат да го слушнат македонскиот мелос. Слободно можам да кажам дека ваквите настани претставуваат значаен дел од пензионерскиот живот или од т.н, трето доба“, изјави Кирил Ѓорѓиоски, претседател на здружение на пензионери на Прилеп.

Пензионерите од регионов на денешната манифестација ги посети и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

„По 15-ти пат пензионерите од повеќе општини се дружат тука во Домот на културата „Марко Цепенков“. Нашето здружение на пензионери од Прилеп е едно од најативните на ниво на Македонија и секогаш ние како локална самоуправа го поддржуваме. Тие секогаш ја презентираат македонската традиционална музика, песни и игри. Овие манифестации овозможуваат исто така и запознавање на пензионерите од другите градови со нашата општина“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

GOLD
To Top