Новости

Прилеп инфо

Повик за поддршка на хуманитарен концерт во Прилеп

Прилепските музичари по иницијатива на прилепскиот бенд The Hounds се вклучуваат во акцијата за помош на 15 годишната Сара Настеска, која боледува од апластична анемија и со цел да се излекува треба да замине на лекување во Германија за што се потребни над 200.000 евра.

Во постот на Фејсбук на нашиот бенд се бара поддршка од колеги, артисти, уметници, кафичи и клубови  за побрзо остварување на овој концерт за помош на Сара Настеска се со цел да се соберат што повеќе средства.

Сите граѓани можат да донираат на телефонските броеви: T Mobile 143 102 и VIP 143 480.
Сара. боледува од Anemia Аplastica, која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за неа.

Болеста кај девојчето е утврдена на почетокот на месец август, а дијагнозата е потврдена со итна биопсија која е направена во Скопје, вели таткото на Сара, Горан Настески.

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

GOLD
To Top