Новости

Прилеп инфо

Подметната експлозија во Прилеп, двајца осомничени

Вчера околу 13.10 часот во Прилеп, М.Б. пријавила дека во текот на ноќта во периодот од 22.00 до 12.45 часот, било оштетено возилото „Даеву Нубира“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на нејзината мајка, паркирано на ул. „Димо Наредникот“.

Од извршениот увид било констатирано дека возилото е оштетено на задниот дел од експлозија на импровизирана експлозивна направа. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од НККР Прилеп. Повредени лица нема.

Во врска со настанот во ПС ОН Прилеп повикани биле две лица од Прилеп и со Наредба за претрес на дом и помошни простории, извршени биле претреси кај истите. Кај едниот не било одземено ништо, додека кај другиот биле одземени повеќе предмети за понатамошна постапка.

ПС ОН Прилеп презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

GOLD
To Top