Новости

Прилеп инфо

„Поезија на пат“ – Струшките вечери на поезијата денеска во Прилеп

Дел од учесниците – поети на годинешните Струшки вечери на поезијата, ја посетија Општина Прилеп и остварија средба со секретарот на Општина Прилеп, Александра Кокароска. Кокароска им посака добредојде и добар престој посочувајќи дека, поезијата е мост меѓу човекот и универзумот, а токму во духот на убавата поетска традиција живее и твори и градот под Марковите Кули.

Германската поетеса и прозна авторка, Ања Кампман и Ирене Гајрауд, поетеса од Франција се поетите чии стихови ќе бидат презентирани во Небрегово во спомен домот на Блаже Конески. Гостите ќе го посетат и манастирскиот комплекс „Трескавец“, а во Прилеп во 17.00 часот пред платото под Градскиот Саат, прилепската публика ќе има можност да ужива во нивните прекрасни литературни стихови.

Струшките вечери на поезијата е најстариот меѓународен поетски фестивал во нашата држава. Годинешните Струшки вечери на поезијата започнаа на 21 август, со Програма составена од 52 настана и учество на 32 странски и 30 домашни поети.

GOLD
To Top