Новости

Прилеп инфо

Полицијата во Прилеп одзеде 35 дозволи заради возење под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Битола викендот по предходно изготвен план на Одделението за Полиција при СВР Битола, на 19.05.2018 во времето од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на Прилеп спроведена е засилена акциска контрола по план 2 за алкохол,при што од исконтролирани 251 возила,алкотестирани се 184 возачи каде кај 38 од нив е утврдено присуство на алкохол,одземени се 34 возачки дозволи,издадени се 38 платни налози и утврдени останати 35 пректшоци како управување без возачка дозвола,нерегистрирани возила,неносење возачка дозвола ,возач почетник.

Во интерес на безбедноста на граѓаните, Секторот за Внатрешни работи Битола, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, присподобување на брзината спрема условите, состојбата на патот, ограничувањата како и паркирање на места кои се определени за таа намена со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот.

Како досега така и понатаму СВР Битола ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во сообраќајот, со цел непречено одвивање на истиот.

GOLD
To Top