Новости

Прилеп инфо

Поставена експлозивна направа во кафе бар во Прилеп

Експлозивна направа е откриена денес во кафе бар во Прилеп. Пронајдената бомба во МВР ја пријавил сопственикот Г.Т.

Газдата на барот ја видел поставената направа и веднаш пријавил во полицијата од каде екипи пристигнале на терен. ОД МВР велат дека по пријавате се врши увид, а во настанот нема повредени лица, ниту материјална штета.

„Околу 12,10 часот во Прилеп во кафе бар во летна бавча, сопственикот Г.Т. пријавил дека нашол експлозивна направа. Нема повредени лица, ниту материјална штета. Екипи на МВР се излезени на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. – пренесува МКД.     

 

 

ФОТО: МКД

GOLD
To Top