Новости

Прилеп инфо

Почина прилепчанец откако паднал од камион

Прилепчанец вчера почина откако извршувајќи работни задачи во рудник, паднал од камион, пренесуваат од МВР.

„На 19.02.2020 во 11.15 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во рудник во Прилеп, Д.З.(67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот. Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп каде од лекар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, додаваат оттаму.

GOLD
To Top