Новости

Прилеп инфо

Почнува прилепскиот меѓународен карневал „Прочка 2019″

Со изложбата на детски маски што ќе биде отворена денеска напладне во Центарот за култура „Марко Цепенков” ќе започне тридневниот меѓународен карневал „Прочка 2019″ во Прилеп.

Во Центарот за култура ќе бидат претставени, но и наградени најдобрите маски од сите што грижливо ги правеа учениците во прилепските средни и основни училишта. Тие ќе цртаат и цртежи на тема „Прочка”.

Утре напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто” ќе се одржи детскиот карневал со групни маски од училиштата. За прв пат утре ќе се одржи и „Статуа фест” со улично изведување драмски и музички перформанси, а прилепските уметници на отворено ќе ги создаваат своите дела.

В недела од 13 часот е големото дефиле на маските од земјава и странство. Се очекува да учествуваат преку 600 маски од нашава земја, од Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и од Турција.

GOLD
To Top