Новости

Прилеп инфо

Премиерна изведба на „Викенд на мртовци“ од „Чин 4 сцена 5„

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски синоќа во ЦК „Мрко Цепенков“ присуствуваше на премиерната изведба на претставата „Викенд на мртовци“ . Театарската претстава која имаше хуманитарен каракрет е во изведба на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“, работена по текст на мајсторот на комедијата, Миле Поповски, во режија на Саша Нацевски.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски , ги поздрави присутните заблагодарувајќи се на училиштето за театар „Чин 4 Сцена “ за иницијативата, собраните средства да се доделата за хуманитарни цели.

Со средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезници предвидено е да се инсталира лифт за лицата со хендикеп во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со цел да се олесни пристапноста до големата сала, да се промени дограма во дневниот центар „Ѕуница“ и да се набават 4 компјутери за потребите на посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски“.

Прилепчани досега покажаа огромна заинтересираност за оваа претстава која предвидено е да има десет изведби. Во претставата „Викенд на мртовци“ покрај актуелните членови играат и ветерани на театар „Чин 4 сцена 5“.

GOLD
To Top