Новости

Прилеп инфо

Приведен прилепчанец бидејќи физички нападнал полициски службеник

На 20.01.2019 година во 14.00 часот во Крушево, кај градската автобуска станица, при извршување работни задачи од областа на сообраќајот, полициски службеник бил физички нападнат од Г.Д.(40) од Прилеп. Г.Д. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Крушево.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

GOLD
To Top