Новости

Прилеп инфо

Привршува реконструкцијата на конаците во манастирот Трескавец

По тригодишно интензивно градење и реконструирање на уништените од големиот пожар конаци на  манастирот Tрескавец,тие најверојатно ќе бидат готови до септември  за Голема Богородица.

Но истите тешко дека ќе можат да се користат од туристи  и верници  бидејќи проектот за довод на вода и одвод не е реализиран. А,нема одговор и на прашањето кога ќе биде реставрирана и манастирската црква Успение на пресвета Богородица изградена меѓу 12 и 13 век.

Прилепските  локални власти тврдат дека  имаат доставено проект до владата за решавање на проблемот со водата..потребни се  6 милиони денари во спротивно нема законска основа  за технички прием на овој дел од манастирскиот комплекс.Паралелно треба да завршат и истражувањата за црквата која е во фаза на распаѓање.

И додека надлежните и оние од министерството за култура немаат одговор на прашањето кога ќе биде завршено целокупното реконструирање и обновување на манастирскиот комплекс,ова духовно светилиште останува   отворено за стотици туристи и верници  како од земјава така  и од странство.

GOLD
To Top