Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец измамил 49 – годишен маж од Битола за 3.500 евра

На 12.12.2018 година во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Н.Ј.(49) од Битола пријавил дека во текот месец мај минатата година по препорака на пријател во Прилеп се сретнал со лицето С.Н од Прилеп кој изработувал ЦНЦ машини и се договориле за сума од 4.500 евра да му изработи машина.

Пријавениот во неколку наврати му побарал капар за порачка на делови, по што не му одговарал на повици и до моментот на пријавување машината не била изработена.

Со стореното дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 3.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

GOLD
To Top