Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец пронајден мртов во својот стан, пожарникарите му влегоа во станот кршејќи ја вратата од терасата

Синоќа, во Прилеп, во населбата Точила, 60-годишниот прилепчанец В.М. бил пронајден мртов во својот стан. Соседите и жената, која го чистела неговиот стан, загрижени бидејќи неколку дена го немале видено ги повикале неговите роднини. Тие откако не успеале да влезато во станот ги алармирале надлежните служби.

Пожарникари, со одобрение на полицијата, со помош на корпа влегле во станот, на 4-тиот спрат, преку терасата кршејќи ја вратата која била заклучена. В.М. го пронашле. Смртта ја констатирала екипата на Итната помош од Прилеп. А на лице место излезе и дежурен јавен обвинител.

– Кај телото не се пронајдени траги на насилство. Станува збор за природна смрт. Лицето претходно имало сериозни срцеви проблеми. Пожарникарите во присуство на неговиот внук преку терасата влегоа внатре и го пронајдоа телото. Нема да има обдукција на телото- изјавил Дамчо Кочоски, заменик јавен обвинител.

Извор: „Инфо компас“.

 

GOLD
To Top