Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец се обидел да силува велешанка

Дваесет и седумгодишна велешанка вчера во полиција пријавила дека прилепчанец на возраст од 31 година се обидел да ја силува.

Тие претходно оствариле комуникација на социјалните мрежи и договориле средба во Велес. Со возилото на Е.Ш. отишле на костурницата во Велес каде што ја присилувал на сексуален однос. Откако, го одбила, тој почнал да ја  удира. С.Ш. паднала во безсознание, а Е.Ш. ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец. Со возило на Итна медицинска помош С.Ш. била пренесена во Јавната здравствена установа – Општа болница Велес. СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Студирајте на БАС
To Top