Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец тешко повреден по пат од мопед

На 07.03.2019 година во 18,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-с.Витолиште Ц.Б. (77) од Прилеп управувајќи мопед „Томос“ изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот. Ц.Б. бил пренесен во Градска Болница-Прилеп, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top