Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец удрил во двајца пешаци, едниот тешко повреден

На 02.01.2019 година околу 19,30 часот на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, З.М.(54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата  од Прилеп.

Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп.
Извршен е увид на местото на настанот.

GOLD
To Top