Новости

Прилеп инфо

Прилепчанка знаела дека има фалсификувани 500 евра, сепак барала да и ја сменат во менувачница

Жена од Долнени во кафеана примила лажна банкнота од 500 евра и побарала од Скопјанец  да ја размени во менувачница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Б.(38) од с.Секирци, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 05.08.2019 во угостителски објект на ул.„Андон Слабејко“ во Прилеп, пријавената, од А.К. од Кавадарци примила лажна банкнота од 500 евра, по што, и покрај тоа што знаела дека е фалсификувана, побарала од В.С.(42) од Скопје да ја размени во менувачница, соопшти МВР.

GOLD
To Top