Новости

Прилеп инфо

Прилеп ја одбележува 77 годишнината од почетокот на народно ослободителната борба

Прилеп градот херој и првоборец и денеска ја одбележува 77 годишнината од востанието на македонскиот народ.

Делегации на парламентот,владата, локалната самоуправа , АРМ, Сојузот на борците и од политичките организации и институции,од утрово положија цвеќе и одадоа почит пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто,пред Кузман Јосифоски Питу на Алејата на народните херои и на Паркот на револуцијата..

Младите треба да учат од историјата,врз искуствата од минатото да ја градат иднината,порачаа од Сојузот на борците.

Традиционално синоќа беше изведен импровизиран  напад на градот.А беше прикажан и перформанс пред Меморијалниот музеј 11 октомври  кој на своевиден начин го прикажа предизвикот од минатото и сегашноста.Но,и голем огномет.

Заедничкото чествување на празникот меѓу Прилеп и Куманово прилепчани денеска ќе го продолжат со кумановчани.На одбележувањата со граѓаните од двата града синоќа во Прилеп а денеска во Куманово  е и премиерот Зоран Заев.

GOLD
SN Finansii
To Top