Новости

Прилеп инфо

Притвор за прилепчанец поради дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, на 09.11.2018 година од страна на полициски службеници по претходна судска наредба при претрес на домот и помошните простории на пријавениот пронајдени биле 491 грама марихуана, семки од канабис и 14 мл. хашиш. Од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп одредена му е мерка притвор од 30 дена.

GOLD
To Top