Новости

Прилеп инфо

Проодни се сите патни правци во општина Прилеп

Во општината се проодни сите патишта, а снежната покривка се чисти постојано. Екипите на фирмите кои што го добија тендерот за зимско одржување на улиците и патиштата во општината, се мобилни и постојано на терен. Се интервенира без прекин, со оглед на снежните врнежи.

Се чистат улиците во сите делови од градот.

„Се наоѓаме на улицата ‘Александар Македонски’, каде што се работи на чистење на снегот. Ризла и сол се користи толку колку што треба, а во чистењето учествуваат фирмите ‘Елмонт’ и подизведувачите ‘Изофас’ и ‘Пела-транс“, изјави Благоја Богоески, од Општина Прилеп, којшто врши постојан надзор врз градежните активности.

„Се чистат улиците не само во градот, туку и во приградските населби како и во населените места. Сите улици се проодни,согласно со приоритетите и оперативната програма на Општина Прилеп. Денеска се интервенира на патните правци кон: Селце, Ореовец, Крстец, Тополчани, Канатларци, Ерековци, Чепигово и Клепач. Сакам да упатам апел до граѓаните на општина Прилеп своите возила да не ги оставаат на коловозите за да можат машините непречено да работат“, порача Филип Иваноски од прилепската градежна фирма „Изофас“.

Изминативе две дена поточно со почетокот на непрекинатите снежни врнежи во општината, „Изофас“ интервенираше со 300 м3 ризла и 100 тони сол. На терен работат екипите на претпријатието со 5 возила во три смени

За да се овозможи непречен сообраќај во градот, се апелира до граѓаните да не исфрлаат снег на веќе исчистени улици.

GOLD
To Top