Новости

Прилеп инфо

Пукање ноќеска кај железничката станица во Прилеп, две лица завршиле со повреди на главите

На 13.05.2019 година околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле  затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top