Новости

Прилеп инфо

Работник од прилепско тешко повреден додека поправал камион

На 18.08.2019 околу 12.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп, на местото викано „Црвени Брегови“, во стовариште за песок, О.И.(61) од с.Селце, додека поправал камион се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top