Новости

Прилеп инфо

Ристески: Пазарот во Прилеп во иднина ќе произведува електрична енергија

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Марјан Ристески денеска на прес-конференција во градскиот пазар, пред управната зграда на ЈКП „Пазари“ рече дека во изминатиот период од 10 години во ова јавно комунално претпријатие многу се инвестирало, а во новата програма се предвидуваат проекти кои ќе го подобрат функционирањето на јавното-комунално претпријатие и ќе го осовременат големиот зелен пазар во центарот на градот.

– Пазарот во Прилеп во иднина ќе произведува електрична енергија. Тој ќе биде покриен со фотоволтаични панели кои ќе бидат поставени на површина од 1.000 метри квадратни и ќе произведуваат електрична енеригија од 130 киловати на час. На пазарот му се потребни само 10, што значи со остатокот може да се осветлува целата стара чаршија. Ќе се реновираат старите дуќани на потегот околу текстилниот пазар со површина од 200 метри квадратни, ќе се допокрие пазарот, ќе се заменат постојните светилки за осветлување, посебен дел од пазарот ќе биде наменет за продажба на сертифицирана органска храна, но и на продажба на занаетчиско-слаткарски производи, а со електрични возила ќе се врши дотур на стока до тезгите на закупците и дуќаните во центарот на градот, рече Ристески.

Тој им порача на граѓаните да гласаат за бројот 13 за Прилеп, како што рече, да биде трговски центар во југозападниот дел на Македонија.

GOLD
To Top