Новости

Прилеп инфо

Ристески : Прилеп и Македонија немаат можности и капацитет да ги прифатат мигрантите

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, денеска на новинарско прашање за тоа кое е неговиот став околу стратегијата на Владата за прифаќање на мигрантите и нивно населување во Прилеп и други градови на Македонија тој истакна дека граѓаните на Прилеп и Македонија сочувствуваат со ситуацијата и проблемите со кои се соочуваат мигрантите во Сирија, Авганистан и другите држави, но Прилеп и Македонија ниту имале можности, ниту имале капацитет за да се справат со еден таков голем бран на бегалци кои се подготувуваат да дојдат тука, особено за градот Прилеп.

„Јас секој ден комуницирам со граѓаните и тие се изреволтирани од ваквиот однос на Владата. Пред се од она што значи експресно давање на државјанства, тоа директно ќе влијае на промена на демографската структура на Општина Прилеп и на ниво на Македонија. Исто така експресното овозможување на работа. Ние сме Општина која има голем процент на невработеност, и наместо да се грижиме за вработување на нашите сограѓани ние ќе треба да го решаваме работниот однос на овие бегалци и мигранти. Во стратегијата е предвидена изградба и на социјални станови и згради. Ние имаме голема категорија на граѓани, особено кај ромското население, кои треба да добијат социјални станови и кои треба да бидат приоритет. Сите овие пари со кои ќе се градат станови, згради, инфраструктура за бегалците би можеле да се вложат во ромската населба за изградба на инфраструктура, исто така наместо да се прекинуваат одредени програми за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп како што беше предвидено изградба на нови спортски сали, нова градинка, подобрување на условите во Домот за стари лица, рурална програма за изградба на водоводи и патишта до населените места, ние сите овие пари од буџетот на Македонија ќе треба да ги трошиме за згрижување на сите овие мигранти и странци кои Владата планира да ги насели во Македонија. Секогаш за вакви теми треба да се прашаат граѓаните и населението и мислам дека Прилеп нема да дозволи една лоша стратегија која би се одразила на квалитетот на живот на нашите сограѓани“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Ристески истакна дека одредени изјави на политичари на позицијата и Владата укажувале на тоа дека оваа стратегија е во план да се спроведе, а за тоа укажувале и активностите на одредени НВО за тоа како во иднина би требало да се прави едукација на населението за да се прифатат бегалците и како да се однесуваме со нив.

„Јас комуницирам и со другите градоначалници во Македонија, од другите градови и сите граѓани го делат мислењето на прилепчани. Имаме секојдневна комуникација и со градоначалници од други држави кои беа погодени од оваа бегалска криза, верувајте и тие имаат огромни проблеми и ние не сакаме тие проблеми да се пресликаат кај нас“, додаде Ристески.

GOLD
To Top