Новости

Прилеп инфо

Семејна трагедија во Прилеп – убиени мајка и ќерка

Од СВР Битола информираат дека на 11.01.2020 околу 08 часот пријавено е убиство на ул. ,,Александар Македонски“ во Прилеп . Излезено е на лице место од страна на екипи на Криминалистичка полиција Прилеп и Полициската станица Прилеп при што затекнати се две безживотни тела .А.П (40) и Т.К(64) и двете со прострелни рани. Според првичните сознанија, во нив пукал 50 годишен маж, кој е сопруг на починатата А.П. и зет на Т.К.
Со прострелни рани се здобило уште едно лице, брат на А.П.. Осомничениот при обид да биде совладан е повреден и заедно со другото повредено лице се пренесени во Градската болница во Прилеп. Под раководство на Јавен обвинител се работи на расчистување на случајот.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.

GOLD
To Top