Новости

Прилеп инфо

Се полни вештачкото езеро во Прилеп

Со владин заклучок денеска е официјализирано да се полни прилепското вештачко езеро со вишокот вода од регионалниот систем „Студенчица”.

Со тоа земјоделците не треба да стравуваат и ќе има доволно за наводнување на земјоделските култури оваа сезона, информираат од прилепското водостопанско претпријатите „Прилепско поле”, подружница на ЈП „Водостопанство”.

Според Ѕвонко Талески, директор на „Прилепско поле”, вишокот на вода и официјално е пренасочен за прилепската акумулација, а оттука за потребите на земјоделците за наводнување на земјоделските површини, главно со тутун.

– Со заеднички напори на АД „Водостопанство”, подружница „Прилепско поле”, со прилепски „Водовод и канализација”, на ЈП „Студенчица” и на Владата ќе бидат обезбедени доволно количества вода за наводнување од што стравуваа земјоделците. Сега ќе нема проблем. Езерото од природните водотеци моментно има еден милион и 300 000 кубни метри вода, а со вишокот вода од „Студенчица” ќе се обезбедат дополниотелни еден до еден и пол милион кубни метри вода и се очекува да се соберат околу три милиона кубни метри вода што е доволно за три до четири наводнувања и да нема никакви проблеми за сезоната 2019 година, објаснува Талески.

Се проценува дека вишокот од „Студенчица” е 200 до 300 литри вода во секунда и за околу два месеца ќе се достигне до три милиони кубни метри вода што е половината од максималниот капацитет на езерото. Деновиве, прилепското претпријатие ќе почне со склучување договори со водокорисниците.

– Лани склучивме околу 27 000 договори и деновиве ќе почнеме да ги склучуваме договорите за годинава. Апелираме до корисниците да се придржуваат на распоредот за монтажата на вентилите што е во тек за да нема губитоци на водата за наводнување. Се очекува да се наводнуваат околу 800 хектари, вели Талески.

 

 

 

 

 

 

Извор: Макпрес

GOLD
To Top