Новости

Прилеп инфо

Синоќа по расправија брутално убиена 33 – годишна прилепчанка

На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што  во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп. Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син.

Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција.

Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Евротип
SNBROKER
To Top