Новости

Прилеп инфо

Сообраќајка на патот Прилеп – Битола меѓу полициско возило и “Пасат”

На 15.05.2018 година во 21,20 часот на патот Прилеп-Битола, на клучка „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шкода Јети“, сопственост на МВР, управувано од Ц.В.(49) од село Десово, и сопатник Б.Д.(52) од Прилеп и патничко моторно возило „Пасат“ управувано од Д.А.(23) од Кавадарци. Во незгодата сопатникот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, укажана му е лекарска помош во Градска болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

GOLD
To Top