Новости

Прилеп инфо

Сообраќајна несреќа во Прилеп – една жена тешко повредена

На 09.08.2019  околу 16,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улица „Карпалак“ и улица „Ордан Чопела“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Викторија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(53) од Прилеп, патничко моторно возило „Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(30) од с.Зајас,кичевско, и патничко моторно возило „Фиат браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(49) од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Б. А.(40) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Т.А. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

GOLD
To Top