Новости

Прилеп инфо

Сообраќајна несреќа во Прилеп – едно лице тешко повредено

На 20.09.2019 околу 19.00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top