Новости

Прилеп инфо

Сообраќајна несреќа во Прилеп – тешко повредена 40 – годишна жена

На 17.10.2018 година во 10,15 часот во Прилеп на улицата „Јоска Јорданоски“ возило „Рено Кангу“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.П.(33) од с.Долно Оризари, удрило во пешакот А.Н. (40) од Прилеп. По незгодата со истото возило  А.Н. била пренесена во Општата болница во Прилеп, каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп, се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top