Новости

Прилеп инфо

Сообраќајна несреќа во Прилеп – тешко повреден мотоциклист

На 25.04.2018 година во 11.35 часот на крстосницата од ул. „Сотка Ѓорѓиоска“ и ул. „Св.Наум Охридски“ во Прилеп дошло до судир помеѓу мопед „Хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.В. (52) од Прилеп и патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.И. (56) од с.Гостиражни. 

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот В.В. кој бил пренесен во Општа болница -Прилеп, каде му е била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.    

GOLD
To Top