Новости

Прилеп инфо

Сообраќајот кај Градско – Прилеп по една коловозна лента

Сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп е оспособен и се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од 11 часот денеска сообраќајот на овој патен правец беше во прекин поради извлекување возило од сообраќајна несреќа.

Од АМСМ потсетуваат дека на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, до село Франгово,  брзината на движење е ограничена на 40 километри поради оштетување на коловозот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

GOLD
To Top