Новости

Прилеп инфо

Со „Голф“ прегазил маж во прилепско, со тешки повреди завршил во болница

На 15.04.2019 година во 20.40 часот во с.Обрашани, прилепско, патничко возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(51) од с.Пашино Рувци, прилепско, удрило во пешакот П.Ш.(53) од с.Обрашани.

Со тешки телесни повреди се здобил П.Ш. и му била укажана помош во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top